Две лица загинаа по пад на помал авион во Хрватска
Две лица загинаа при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица. Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување










