Повеќе пожари во Штип, евакуирани работници од конфекција во индустриската зона
Штип попладнево беше зафатен од неколку пожари на различни локации, поради што противпожарните екипи интервенираа истовремено за да го спречат ширењето на огнот и поголеми материјални штети. Најновиот пожар избувна во индустриската зона, меѓу Штипска млекара и конфекцијата „Албатрос“, каде што гореше сува вегетација. Поради опасноста огнот да се прошири









