Со минута молк, во 2 часот и 32 минути, оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани
Со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. - Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк. Нека светлината сведочи дека не забораваме










