Берокал: Задоволен сум од пристапот, играчите го исполнија тоа што го побарав од нив
Македонската кошаркарска репрезентација со победа над Луксембург (79:70) на домашен терен ги продолжи претквалификациите за Евробаскет 2029. Ова воедно беше прва стартна победа за новиот селектор на македонскиот национален тим Шпанецот Жозеп Марија Берокал. - Победата е важна за почетокот на овој проект. Не смееме да заборавиме дека сме заедно само










