„Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“: Работилница за деца во Јавна соба
Во сабота, на 9 мај во 12 часот, во Јавна соба во Скопје ќе се одржи детска работилница насловена „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“, наменета за деца од 4 до 12 години. Програмата комбинира филмска проекција, креативни и драмски активности со цел децата преку игра и уметност да учат за емоции, соработка, пријателство и однос




