Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео
Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја отворија темата што веќе беше затворена, затоа што направија погрешна проценка дека ќе обезбедат јавна доминација врз наративот со Бугарија, пишува на социјалните мрежи поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи