Македонските ракометари ја совладаа Украина
Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во Швајцарија, откако вчера триумфираше над Украина со 31-26 (13-17). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров до триумфот дојдоа со одлична игра во второто полувреме, откако одиграа потпросечно прво полувреме, во кое нападот и одбраната не функционира и Украина










