Почна снимањето на филмот „Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски
Во Скопје почна снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски – „Збогум, Копакабано“, кој претставува социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ градот. Филмот, кој ја обработува темата на сестринска љубов, воедно се занимава со низа општествени прашања како самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести и нееднаквост во општество