Неуспешно гласање недоверба и на министерот за внатрешни работи Тошковски и заменикот Исени – министрите ги „преживеаја” интерпелациите
Со седум гласа ‘за’ од пратениците и 63-ца против, Собранието го отфрли предлогот на Европскиот фронт за гласање недоверба на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Пратеникот Елми Азири барањето за интерпелација го образложи со тврдење дека Тошковски не направил доволно согласно своите надлежности, за МВР кажа дека е ‘претворено во ВМРО’