Пронашол паричник, па почнал да троши со туѓата картичка: Кавадарчанец пријавен во полиција
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 70-годишен жител на Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“. Според пријавеното, 70-годишниот Р.Н. претходно пронашол туѓ паричник, по што на 5 август годинава, без дозвола и согласност од сопственикот, ја употребил платежната картичка










