Македонија ќе ја има мојата силна поддршка на патот кон ЕУ – почнува примената на системот „One Stop Shop“ на Ќафасан
„Јас никогаш нема да го прекинам патот на Македонија кон Европската Унија, ниту да ѝ кажам на Владата што треба да прави. Ми ја извадија изјавата од контекст“, вели албанскиот премиер. Рама, обраќајќи му се на македонскиот колега Мицкоски, даде јасен одговор дека тој ќе биде гласен поддржувач на интеграцијата на Македонија во европското семејство.










