Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто, а кај нас е еден процент
Инфлацијата на ниво на ЕУ е 2 до 3 отсто, а во Словачка изнесува околу 4 проценти. Нашите земји се мали и зависат од надворешните фактори. Словачка, конкретно, е многу зависна од Германија, Австрија и Франција, но Германија и Австрија моментно се во рецесија. Ние сме најголем производител на автомобили во Европа „пер капита“ и многу зависиме од тоа










