„Порше“, „ауди“, „бмв“, стан... - МВР му го одзема имотот на наркодилерот Цуна од Кочани
Полицијата во Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, презеде мерки за привремено одземање на движен и недвижен имот од Александар Лазаров, поради сомнение дека е стекнат со криминална активност. Од ОВР Кочани информираат дека во рамки на истрагата биле обезбедени докази кои, покрај сомнежите за извршување кривично дело поврзано










