Кисела Вода субвенционира печки на пелети, материјали за реконструкција на фасади на станбени згради и поправка на лифтови
И оваа година Општина Кисела Вода излегува со сет мерки за финансиска поддршка на своите жители. Објавени се јавни повици за субвенционирање на набавка на печки за пелети, за кофинансирање при набавка на термоизолациски материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во згради на подрачјето