Volkswagen ID 3 задржува 91% од својата батерија по извозени 160.000 километри: Дали навистина електричните автомобили се издржливи?
По четири години возење и 160.000 километри, електричниот Volkswagen ID 3 успеа да сочува дури 91% од капацитетот на својата батерија. Ова го потврди реномираната германска служба за патна асистенција ADAC. Впечатлив резултат кој ги руши стереотипите дека батериите кај електричните возила брзо се трошат и ослабуваат.