Партија за паметење: Атанасијевиќ постигна 32 гола во победата на Пелистер
Македонскиот репрезентативец, Петар Атанасијевиќ имаше партија за паметење во дресот на Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија. „Фармацевтите“ го уништија Шампион со 57:16 во средба во која Петар едноставно беше незадржлив и постигна неверојатни 32 гола. Со ова Атанасијевиќ постави рекорд кога е во прашање машкиот ракомет, стана играч кој постигнал