Митровски во Олимпија со рекорден трансфер за клубот од Љубљана
Димитар Митровски во наредните три години ќе го носи дресот со број 8 на Олимпија од Љубљана, која ќе му исплати на Вараждин 1,2 милиони евра за македонскиот фудбалски репрезентативец, рекордна отштета за осумкратниот словенечки шампион. „Од Вараждин во Љубљана. Димитар е змеј. Добредојде во престолнината“, објавија „змајчеки“ на социјалните мрежи