Македонија со пад од две позиции на најновиот ранкинг на ФИФА
Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА, по двата порази во ноемврискиот репрезентативен прозорец. По неуспесите против Шкотска (1-2) и Словенија (0-3), избраниците на Гоце Седлоски сега се наоѓаат на 73-тото место во светскиот поредок. Македонија мора што поскоро да најде излез од резултатската








