Дела на првата македонска академски образована сликарка по Втората светска војна ќе бидат изложени во Загреб
Во македонскиот КИЦ во Загреб во рамките на програмата по повод 145-годишнината од постоењето на Музејот на уметности и занаети – Загреб, на 13 мај ќе биде отворена изложбата „Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ на една од најзначајните македонски графичарки, Менче Спировска. На изложбата ќе бидат претставени речиси непознати дела за