Турски новинар доби затворска казна поради наводна закана кон Ердоган
Суд во Истанбул денска го осуди искусниот турски новинар Фатих Алтајли на четири години и два месеци затвор под обвинение за закана кон претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Како што пренесе ДПА, пресудата не е конечна. Сепак, 63-годишниот новинар, кој беше уапсен во јуни, ќе остане во притвор поради наводен ризик од бегство, јавија локалните медиуми




