Дубаи го „тресна“ Партизан сред Белград и испиша историја во Јадранската лига
Кошаркарите на Дубаи испишаа историја, откако во втората сезона во јадранското друштво, успеаја да дојдат и до трофејот. Екипата од Блискиот Исток откако двапати славеше на домашен терен над „црно-белите“, го загуби првиот меч во Белград, но вечерва во драматична завршница славеа со 83-81 и ја добија финалната серија со вкупни 3-1. Дубаи имаше водство



