Мојсова-Чепишевска: Во стиховите на Петре М. Андреевски се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината
Петре М. Андреевски внесе нов бран во македонската книжевност. Неговата збирка „Дениција“ се смета за „златна книга“ на модернизмот и за химна на љубовта. Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тој успева многу суптилно,