Дел од Центар без вода
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар. Прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со Ф-100 милиметри на улицата „Мирослав Крлежа“ бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на активностите.










