„Рајанер“ ја затвора базата во Солун
„Рајанер“ најави дека оваа зима ќе ја затвори својата база на аеродромот „Македонија“ во Солун и ќе го намали бројот на летови кон и од Грција. Одлуката доаѓа по спорот со операторот „Фрапорт Грција“, кој, според авиокомпанијата, ги зголемил аеродромските трошоци над нивото пред пандемијата. Главниот комерцијален директор на „Рајанер“, Џејсон Мекгинес,








