Стартуваше Мото ГП: Бецеки го освои Тајланд, шампионот разочара
Марко Бецеки ја отвори новата сезона во Мото ГП со победа на Големата награда на Тајланд и во исто време испиша историја на Априлијата. На патеката Чанг во Бурирам, Италијанецот стигна до третата последователна победа во кариерата, станувајќи првиот возач во историјата на тимот што го сторил тоа. Во исто време, тоа беше негова 13. победа во кариерата






