„МАРКО КРАЛЕ“ ВО БУТЕЛ ДОБИВА НОВ ЛИК: Градоначалникот со ново исполнето барање на граѓаните
Во Општина Бутел започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Марко Крале“, која претставува една од главните сообраќајници во населбата Бутел. Од Општината информираат дека реализацијата на проектот следува како одговор на барањата и потребите на граѓаните, во рамки на тековните активности за подобрување на патната инфраструктура.








