Во Битола ракометот е повеќе од спорт: Фанови во голем број дојдоа на пријателски меч
И натаму траат подготвителните натпревари на македонските ракометни екипи пред стартот на новата сезона. Засега најавите се дека нѐ очекува уште поинтересна битка за трофејот во домашниот шампионат. Вардар, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид се издвојуваат како четворка која е во предност пред останатите екипи, но и тие можат да приредат изненадување

