Промоција на поетската книга „На ти со Ерос и Танатос“ на Виолета Танчева-Златева
Во Даут-пашиниот амам во Скопје, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева, еден од највлијателните и најпрепознатливи македонски поетски гласови. „На ти со Ерос и Танатос“ излезе од печат во мај годинава, во издание на издавачкиот центар „Три“, и наскоро стана финалист за наградата „Браќа Миладиновци“


