СДСМ бара истрага против Мицкоски и Славески по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија
Опозициската СДСМ бара Обвинителството да поведе кривични постапки против премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и други лица за кои тврди дека учествувале во процесите поврзани со Алта банка, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и најави стечај. Од СДСМ велат дека со одлуката се блокирани










