РФМ пресече: Ракометната Супер лига ќе остане со осум странци
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), ги усвои барањата на Вардар и на Пелистер да не се намали бројот на дозволени странски играчи по натпревар, во домашната Суперлига. Иако беше планирано од постојните осум, за следната сезона бројот на странци во една екипа да се намали на шест, сепак РФМ денеска реши да ја укине таа промена