Ди Марија по 20 години се врати во Росарио
Трофејниот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија се врати во Аргентина, поточно во својот роден град и клубот каде што ја започна својата кариера. Станува збор за тимот на Росарио Централ, за кој дебитираше во 2005 година и играше до 2007 година, кога замина во Бенфика. Во тимот од Лисабон ги помина претходните две сезони, а сега, како 37-годишник,