BMW произведе два милиони електрични возила
Ова доаѓа само две години откако компанијата го произведе првиот милион електрични автомобили, што укажува на големото забрзување на производниот процес. Јубилејниот автомобил е моделот i5 M60 xDrive во специфична „Tansanit Blue“ боја, наменет за купувач во Шпанија. Фабриката во Динголфинг, Германија, одигра клучна улога во постигнувањето на овој резултат

