До кога автобусите во Скопје ќе бидат лотарија за патниците?
Автобусите во Скопје повторно предизвикаа поплаки од патници кои вчера пријавија долго чекање на постојките и преполни возила. Сведоштвата се од Волково и од корисници на линијата 23, кои наместо сигурен превоз до работа и училиште, утрото го започнале со неизвесност. Жител на Волково навел дека чекал од 6:15 часот, а повеќе од 40 минути немало автобус



