Отпочната реконструкција на улицата „11“ во населба Илинден
Општина Илинден информира дека во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започната е реконструкција на улица „11“ во населба Илинден. Со планираните градежни активности е предвидено проширување на постоечкиот коловоз, како и целосно асфалтирање со нов асфалтен слој, во должина од околу 110 метри










