Хаику поезија ала Амир: Најкреативниот пазарџија во Скопје
Оваа тезга на пазарот во Тафталиџе, инаку, познат и како еден од најскапите пазари во градот, веќе со години го привлекува вниманието на купувачите, па дури и на шетачите. Имено, дури и ако не застанете да купите нешто, може да застанете и да се зачитате, често да се насмеете, а некогаш и да научите нешто за бројните зеленчуци и овошки што се продаваат