Работнички запиша убедлив триумф над Гостивар, Пелистер се испоти против Кожув
Кошаркарите на Работнички и Пелистер остварија победи на вечерашните средби од 11. коло во Првата лига. Работнички ги разочара своите навивачи со минато неделниот настап против Феникс, но денеска одигра далеку подобро и на повисоко ниво и го совлада Гостивар со 86:65 во салата „Младост“. Скопскиот тим доби три од четирите четвртини, најрасположение