Ужасни вести за Денвер пред мајсторката со Оклахома
Кошаркарот на Денвер нагетс, Арон Гордон нема да може да настапи на мајсторката против Оклахома сити тандер. Гордон го повреди грбот во шестиот меч, имаше информации дека може да игра, но од тоа нема ништо. Ќе му требаат неколку недели да се опорави, а тоа значи дека и доколку Денвер победи тој нема да биде на располагање во Конференциското финале