АБА лигата ќе ги избере 25-те најдобри во историјата, има и четворица македонски кандидати
По повод 25-годишнината од регионалното кошаркарско натпреварување, АБА лигата, трае гласање за избор на 25-те најдобри играчи во историјата на оваа лига. Гласањето ќе трае до 9-ти август, а учесниците во гласањето ќе треба да изберат 25 кошаркари од доставената листа, за кои веруваат дека заслужуваат место меѓу најголемите во историјата на АБА лигата

