Лешок без вода за пиење во лето! Институциите: Проблемот трае со години
Во Болницата за белодробни заболувања во селото Лешок, Општина Теарце, водата не е безбедна за пиење. Според министерот за здравство, Сашо Клековски, ова не е нов проблем, бидејќи, како што рече, водата во ова село не е погодна за пиење во летниот период повеќе од една деценија. Причината е зголемената потрошувачка во лето поради доаѓањето на иселениците,








