Димитриеска Кочоска: Новиот центар на ММФ за Југоисточна Европа ќе донесе засилена поддршка за реформи, финансии и економски раст
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, учествуваше на тркалезна маса на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие започнување









