Почина д-р Никола Стојановски, првиот претседавач со повеќепартиското Собрание
На 103-годишна возраст почина д-р Никола Стојановски, истакнат лекар, учесник во Народноослободителната борба и првиот претседавач со конститутивната седница на повеќепартиското Собрание на Македонија во 1991 година. Стојановски беше еден од најдолговечните сведоци на клучните историски настани од поновата македонска историја. Како најстар пратеник






