Во МНТ комеморација за актерот Кирил Поп Христов
Вечното момче со нескротлив дух, човек полн со енергија и страст, бунтовник со голем актерски талент. Кирил Поп Христов играше улоги кои никој друг не можеше да ги одигра. Беше испратен со последен аплауз од своите колеги во матичната куќа, Македонскиот народен театар. Кили никогаш не беше актер кој можеше да се стави во рамка, туку актер кој ги поместува








