Јончевски има нов клуб, повторно ќе работи во Полска
Македонскиот кошаркарски стратег Александар Јончевски е именуван за нов тренер на полскиот прволигаш Енерга Чарни Слупск. Јончевски на клупата доаѓа на местото на Кшиштоф Шабловски, со кого клубот се раздели спогодбено по серијата слаби резултати. Чарни Слупск е меѓу двете екипи во полската ПГЕ Баскет лига кои сè уште немаат забележано победа во сезоната

