Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година на писателката Фросина Пармаковска за романот „Кривата Дијана“. Кон наградата и победничкиот роман се осврнаа Иван Додовски (професор, писател, книжевен









