Хаос на „Америкупот“: Жестока тепачка меѓу кошаркарите на Аргентина и Доминиканската република
Натпреварот од „Америкупот“ меѓу Аргентина и Доминиканската Република во неделата вечерта во Манагва, Никарагва заврши со хаос. На дуелот кој отиде во продолжение, Доминиканската Република ја победи Аргентина со 84-83, по што следуваше тепачка меѓу играчите на двата тима. Тензиите ескалираа, при што неколку играчи разменуваа тупаници на средината на