Научник објаснува како ќе изгледа крајот на светот: „Ќе се случи последниот убав ден, а потоа ќе следува пекол“
Крајот на светот ќе се случи кога Сонцето ќе влезе во последната фаза од својот живот, што ќе има катастрофални последици, вели професорот Брајан Кокс. Ѕвездата во центарот на нашиот Сончев Систем нема драматично да се промени повеќе од 4 милијарди години, но експертите веруваат дека моментално се наоѓа приближно на половина од својот животен век.

