Лидерот покажа карактер: Струга ТЛ со пресврт до три бода против Брегалница
Фудбалерите на Струга ТЛ покажаа карактер и со пресврт стигнаа до голема победа на гостувањето кај Брегалница во Штип. Лидерот на табелата по негатива на полувремето успеа во вториот дел да ја преземе контролата, да постигне два гола и да ги однесе трите бода дома. Првиот дел им припадна на домашните фудбалери, кои иако не создадоа голем број шанси,









