Во Битола отворена Спомен куќа во која престојувал Гоце Делчев
Во Битола вечерва отворена е Спомен куќата во која во 1901 година престојувал македонскиот револуционер, великан на Македонското ослободително движење, Гоце Делчев. Куќата некогашна сопственост на Михаил Ракиџиев, во тоа време член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ, има три простории кои целосно се обновени и реконструирани.