25 ноември 1939, објавена е збирката поезија „Бели мугри“ од Кочо Рацин
„Бели мугри“ е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор, близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година. Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената



