Проширена акција за трагедијата во „Пулс“: Уапсени уште 11 инспектори од УЈП и Пазарна инспекција
Истражните органи ја продолжуваат работата на случајот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Иако судењето за главните осомничени веќе е во тек, истрагата се проширува и опфаќа нови службени лица. Според информации на Плусинфо.мк, уште 11 вработени, раководни лица









